Поради Ременски и Царовска на улица беа оставени 44 Роми од бегалскиот камп Винојуг

Реакција на изјавата на Мила Царовска.Мила Царовска беше дел од технички назначениот тим на СДСМ кој раководеше со Министерството за труд и социјална политика кој на чело со техничкиот министер Фросина Ременски покажа врвно непознавање и огромна неодговорност.
Поради Ременски и Царовска на улица беа оставени 44 Роми од бегалскиот камп Винојуг. Тандемот неработнички со намерно одолговлекување на процедурите ги кочеше мерките за вработување на лица во социјален ризик. Ременски и Царовска го кочеа и осигурувањето на лицата сместени во инсиституции под министерството и ја запреа реализацијата на проектот „Се грижиме за топол дом“ кој  е од исклучителна важност за социјално ранливите категории. Поради Мила Царовска и нејзината шефица, технички назначениот министер Фросина Ременски, беше блокирана процедурата за доделување станови на лица во социјален ризик.
После прифаќањето на оставката на неспособната техничка министерка и нејзината гарнитура неработници меѓу кои е и незаконски вработената Мила Царовска, проектите во МТСП продолжија да се реализираат според зацртаниот план. Луѓето во социјален ризик кој не можеа да влезат во становите доделени од државата поради хировите на Ременски и деструктивноста на СДСМ, го славеа заминувањето на техничката министерка Ременски која не сакаше да им го реши најважното животно прашање.
Толку за способноста и за кредибилитетот да зборуваат за проекти на Царовска, Ременски и целиот тим на СДСМ.
Еве малку фактографија за нив: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2006-2016 го преполови бројот на корисници на социјална помош, во голема мера поради отворањето на нови работни места и спроведување на мерки за вработување на лица во социјален ризик – работи кои за СДСМ биле и се научна фантастика.
Колку и да лаже, СДСМ не може да побегне од фактот дека просечната социјална парична помош во 2006 изнесувала 2.900 денари, а во 2016 изнесува 4.927 денари, односно е повисока за 68% во споредба со времето на владеење на СДСМ. Постојаната парична помош во истиот период е зголемена за 68,5%. Меѓу многуте мерки, отпишани се долговите за социјално ранливите категории. Дури 14.000 граѓани добија отпис на долгови во вкупна вредност од 1.798.493.393 денари.
Врв на лицемерие е Мила Царовска да се појавува меѓу граѓаните од ранливите категории на кои ВМРО-ДПМНЕ им ја зголемува помошта, додека шефовите на Царовска, мултимиионерите кои го раководат СДСМ, одмараат на своите луксузни хациенди и јахти, планирајќи како можат да ги злоупотребуваат ранливите категории во обид да приграбат некој ситен политички поен, или да ги блокираат проектите кои се од нивна полза затоа што се дело на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа бесрамна тактика на СДСМ е добро позната и прочитана од граѓаните.
Никој не им верува на лажговците од СДСМ. Сите до еден лажат како Заев. Затоа, граѓаните ќе им ја врачат заслужената казна на првите наредни избори на кои СДСМ ќе собере храброст да се појави.
 
 Мила Царовска беше дел од технички назначениот тим на СДСМ кој раководеше со Министерството за труд и социјална политика кој на чело со техничкиот

Пронајдете не на следниве мрежи: