Љубовта го движи светот, но и во некои случаи ве носи директно на ургентна служба. Серијалот „Поради секс на ургентна“, за прв пат ги споделува искуствата на докторите и медицинскиот персонал со сосема неочекувани, неодговорни и најчесто урнебесно смешни последици од сексуален однос.Во овој духовит и документаристички серијал се прикажуваат неверојани приказни за што се може да се случи за време на секс и во какви необични пози се наоѓаат партнерите кои за жал немаат никаква поврзаност со кама сутра. Вистински приказни кои ве држат неизвесни до самиот крај – најчесто со среќен крај. Серијал каде што можете да ги видите најнеобичните последици од моќта на желбата за секс.
Денес од 20:00 часот на TLC каналот ќе можете да погледнете две вистински приказни за:
– Млад пар кој што во процес на селење решава за последен пат да има секс во својот дом. Давид ќе зажали за нивната одлука поради тоа што во виорот на страста се соочува со ненадејна повреда која го носи директно на ургентна и
– Средовечна жена која изгледа сосема здраво доаѓа на ургентна со срцев проблем. Причините стануваат многу појасни кога д-р Тарнер ќе се соочи со нејзиниот личен тренер и нејзиниот сопруг за време на прегледот.
Во овој духовит и документаристички серијал се прикажуваат неверојани приказни за што се може да се случи за време на секс и во какви необични пози