Поради штрајковите Брисел е целосно парализиран!

Штрајкот на транспортните работници денеска целосно го блокира јавниот превоз во Брисел и спречи десетици илјади луѓе да заминат на работните места.Автобусите, трамваите, метрото и железницата не сообраќаат од шест часот изутринава, а членови на синдикатот ги блокирале и магистрачните патишта кои водат кон главниот град на Белгија.
Штрајкот е дел од планираната серија протести кои се одржуваат секој понеделник во знак на предупредување до Владата поради нејзините намери да ја зголеми старосната граница за заминување во пензија од 63 на 67 години, согласно мерките за штедење.
Авионскиот сообраќај, исто така, е нарушен бидејќи штрајкувачите го блокирале националниот аеродром.
За следниот понеделник е закажан генерален штрајк кој ќе ја опфати цела Белгија, а Владата засега нема намера да се откаже од најавените меркиАвтобусите, трамваите, метрото и железницата не сообраќаат од шест часот изутринава, а членови на синдикатот ги блокирале и магистрачните&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: