Поради својата болест поминала низ пекол: Професорката во дневник ѝ напишала дека е психијатриски случај!

Средношколка од Бањалука важела за одлична ученичка која сите ја сакале во одделението, но потоа заболела од анксиозност. Наместо да ѝ пружи поддршка, нејзината класна раководителка почнала да ја омаловажува и да го прави она што нејзе дополнително ѝ го расипувало здравјето.

Дека многумина  немаат разбирање кон личностите кои заостануваат во развојот или се болни или имаат некое психичко пореметување, докажува и случајот кој неодамна се случил во Бањалука, кога една ученичка во средно училиште, која страда од анксиозност, почнала да доживува непријатности од страна на својата класна.
Нејзе во текот на минатата година ѝ била дијагностицирана анксиозност, поради што во почетокот одела скоро секој ден на психијатар, но состојбата  во меѓувреме се подобрила, така што сега оди само еднаш неделно.

„Одличен ученик е. Никогаш не правела проблеми, и во одделениото беше омилена. Но, кога беше дијагностицирано дека страда од анксиозност, почнаа и проблемите“, вели Мирјана, постара сестра на средношколката, но замолила нејзиното име да не биде објавувано, за да не ѝ направи дополнителни проблеми.
На самиот почеток на болеста, девојчето имало изненадни напади и гушење, поради што добила лекарства кои мора редовно да ги пие.
„Тогаш почнаа проблемите. Кога и да побараше од професорката да ја пушти да излезе за да се напие таблета, таа би почнала да ја омаловажува. Прво барала од нејзе да види за кој лек се работи, а потоа почнала да и вели дека тоа не ѝ треба и дека таа не смее да го пие тоа. Со оглед на тоа дека таа не ја пуштила да се напие таблета, мојата сестра добила напад, но нејзината класна река дека се преправа“, вели Мирјана.

Како што станувала се поизразита нејзината анксиозност, следеле се полоши коментари, но и потсмевање.
„Мојата сестра претходно важеше  за многу комуникативна личност, но како што напредуваше нејзината болест, таа стана многу затворена, а уште полошо се чувствуваше кога ќе слушнеше што некој професор мисли за нејзе и како ја коментира.
„Таа на класната и однесе документ од психијатарот, со негов потпис, кој тврди дека таа има болест и ја замолил професорката да ѝ обрати малку повеќе внимание на мојата сестра. Но, тоа не беше доволно“.
Врв на се било  кога, и покрај тоа што сите професори знаеле за болеста на девојчето и не барале специфични докази, нејзината класна барала таа да донесе документ кој ќе се наоѓа на почетокот на дневникот . поради сопствениот мир, таа го сторила тоа.

„Потоа, за болеста на сестра ми дознаа оние кои не требаше да дознаат. Децата го земале дневникот, па така виделе и почнале да ја провоцираат“, вели вознемирено  постарата сестра и додава дека таа и нејзините родители се обиделе да разговараат и со директорката и со  психологот на училиштето, но не успеале да постигнат ништо.
На крајот, повеќе не знаеле како да се изборат со проблемите кои влијаеле на девојчето и дополнително ѝ го загрозувале здравјето, па одлучиле да ја префрлат во друго училиште.
„Ова не е ниту мал дел од она што мојата сестра го проживеа, но ниту јас ниту моето семејство, никако не сакавме да излеземе во јавност со оваа приказна за да впериме прст во никого. Едноставно наша цел е да раскажам она што се случи со мојата сестра, за сите да бидат запознаени со проблемите на денешницата, а поготово да сфатат дека оние кои имаат некаков здравствен проблем, имаат потреба од помош, а не исмејување“, заклучила  Мирјана на крај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.