Порака од голата Алиша Кис: Сакам од светот да направам подобро место за живеење

Неа ја сакаат милиони луѓе ширум светот, а таа сега реши тоа да го искористи за добротворни цели. Имено, популарната пејачка поставила своја гола слика на Инстаграм на која позира со нацртан знак за мир преку трудничкиот стомак. Оваа фотографија ја искористила за хуманитарната кампања „We are here“.33-годишната пејачка е гола на фотографијата, а градите ги сокрила со раката.
Таа објасни дека е многу загрижена од случувањата на Блискиот Исток, како и убиството на Мајкл Браун, црниот маж кој беше убиен од страна на еден полицаец во местото Фергусон, во државата Мисури.
Инаку, Алиша е мајка на четиригодишен син и на уште едно бебенце кое наскоро треба да дојде на светот. Како родител, таа истакна дека сака да го смени светот во кој ќе растат нејзините деца.

„Сакам да создадам војска од луѓе кои ќе привлечат толкаво внимание кое нема да може да се игнорира. Ние ја гледаме неправдата и на сите ни пречат истите работи. Но, зошто да не направиме нешто наместо само да се жалиме и лутиме?“, рекла Алиша.
33-годишната пејачка е гола на фотографијата, а градите ги сокрила со раката.
Таа објасни дека е многу загрижена од случувањата на Блискиот

Пронајдете не на следниве мрежи: