Еден месец по поплавите во село Порој, состојбата на патиштата и мостовите во селото сеуште не е нормализирана. И понатаму не почнуваат градежните работи за изградба на два моста во внатрешноста на селото, и покрај ветувањето дека за една недела ќе се регулираат, во меѓувреме, жителите се жалат дека дури и чистењето не е целосно направено, додека пак механизацијата е веќе повлечена.“Имаме проблем, и тоа голем проблем, луѓето за да одат во џамија и до нивите да ги извршат работните активности мораат да одат пеш. Ова не е право, големи ветувања а реализација нема воопшто“.
“Дирекцијата која што ја исчисти реката сеуште требало да работи тука, но како што изгледа тие работеле само долу, додека пак горниот дел го запоставија и сега велат дека немат повеќе средства, и со еден збор не работат повеќе, ги запреа работните активнсоти“, се пожалија неколку жители.
Во меѓувреме, опасен за сообраќај продолжува да биде главниот мост на патот Тетово-Јажинце, истиот тој, за кој Дирекцијата за заштита и спасување потврди дека бил премногу оштетен. И покрај фактот дека е направена инспекција за одржливост на мостот, сепак дозвола или забрана за движење од страна на владата, односно Македонија Пат се уште нема стигнато.
Шефот на локалната заедница, побара уште еднаш од премиерот Зоран Заев, да го одржи ветувањето кое го даде за време на неговата посетата, и да почнат работните активности за заштитните пердуви во село Гермо, и еднаш за секогаш да се реши проблемот од поплавите.
Претседателот на локалната заедница, Сулејман Рамадани, за порталот Флака , вели дека:
“Проблемот остана до она што го вети премиерот дека ќе се направат десетици брани од Порој до Гермо, ни беше кажано дека тимовите ќе излезат на терен за да го направат проектот и како што рече премиерот во 2018 година да почне со работа, но сеуште немаат излезено на терен, или пак ние немаме информација за тоа“.
Од поплавите што се случија во 5-ти јуни во село Порој, беа оштетени над 50 хектари засадено земјоделско земјиште, станбени објекти како и трите мостови во ово населено место. Дирекцијата за заштита и спасување, за само 25 дена, во ова населено место , отстрани 100 тони кубен метар земја и камења.“Имаме проблем, и тоа голем проблем, луѓето за да одат во џамија и до нивите да ги извршат работните активности мораат да одат пеш. Ова не е