Моментално во индустриска зона „Прилеп 1“(Металец), се гради на големо. 7/8 домашни инвеститорите кои купија плацови во оваа индустриска зона ,преку јавно електронско надавање , интензивно градат , а локалната власт веќе инфрастурктурно го доредува овој простор. Изработката на сообраќајниците во оваа индустриска зона се со средства од Светска банка, како донација на градот за добро изведениот проект- авенијата на влезот од Прилеп.„Станува збор за донација од 130.000 евра гранд кој ќе биде комплетно употребен за изградба на една од главните улици кои ќе ги поврзува сите индустриски објекти во оваа индустриска зона. Во меѓувреме, со средства од локалната власт ќе бидат изградени и тротоари површини, осветлувањето,а претходно веќе се изгради водоводната и канализационата мрежа во оваа индустриска зона, се асфалтираа неколку улици – вели градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески – Дел од овие објекти веќе работат, но до крајот на годината очекуваме уште неколку од овие фирми, кои ги градат свои капацитети, да започнат со работа . Оваа зона ќе има капацитет до 2000 вработувања .Продадени се 21 парцела .Но некои од инвеститорите купуваа и по две парцели ,што значи дека очекуваме 12 објeкти да бидат изградени.,како и бензинска пумпа во иднина – додава градоначалникот“, Ристески
Претходно беше изградена канализациона и водоводна мрежа , беше поставена електрична инсталација до самата зона, а сега се градат улиците и тротоари Се работи на улицата која ги поврзува поголемиот дел од објектите со должина од 377 метри ,со коловоз од 6 метри двострани тротоари .Улицата веќе се подготвува за асфалтирање ,а во следната фаза ќе се изврши улично осветлување, Љупчо Митрески од секторот за комунални дејности
Индустриската зона „Прилеп 1„(Металец) е намена за изградба на објекти за лесна и не загадувача индустрија и преставува атрактивна индустриска зона која е добро поврзана со патниот и железничкиот сообрајќај.
Градоначалникот Ристески направи увид и на населбата „Градина“ каде ги повика сите заинтересирани граѓани, особено младите до 35 години да го искористат проектот кој го нуди Владата на РМ и да аплицираат во наредните електронски надавања за купување на плацеви во населбата „Градина“. Општина Прилеп ќе ја уреди населбата со изградба на патната инфаструктура и асфалтирање на улиците, изградба на водовод, канализаиција, осветлување и изградба на тротоари.„Станува збор за донација од 130.000 евра гранд кој ќе биде комплетно употребен за изградба на една од главните улици кои ќе