Неговото Височество Кралот Фелипе VI од Шпанија jа посети фабриката на SEAT во Марторел. Посетата се поклопи со 30-годишнината од моделот SEAT Ibiza. Кралот на Шпанија имаше можност да ги види моделите, кои SEAT планира да ги лансира во следните пет години, како и најновите инвестиции на брендот. Неговото Височество беше придружуван од страна на Артур Мас, претседателот на каталонската влада; Жозе Мануел Сориа, шпанскиот министер за индустрија, енергетика и туризам; д-р Франциско Хавиер Гарсија член на управниот одбор на групацијата Volkswagen и претседателот на одборот на директори на SEAT, Јирген Штакман.Кралот Фелипе VI го посети седиштето на дизајнерскиот центар, каде што се спојуваат технологијата и креативноста и се создаваат идните модели на брендот. Тимот на дизајнерскиот центар на SEAT е дел од големиот технички центар на најголемиот шпански индустриски инвеститор, каде што работат 900 инженери. Кралот одржа состанок со истакнати имиња од светот на бизнисот и со менаџментот на компанијата.
По посетата на дизајнерскиот центар, кралот Фелипе VI ја посети и производната лента бр. 10, каде што се изработуваат двата носечки модели на брендот SEAT – Leon и Ibiza. Таму на Кралот му беа претставени најновите технологии кои се вградуваат во автомобилите на SEAT, како и системите за подобрување на ергономијата преку кои се зголемува конкурентноста и ефикасноста на брендот. Марторел е најголемата фабрика за производство на автомобили во Шпанија. Од неа дневно излегуваат 2 100 автомобили (еден на секои 30 секунди), кои потоа се дистрибуираат во 76 земји. Производството оваа година се зголеми за 13%, што овозможи 800 нови вработувања. Продажбата на SEAT продолжува да расте, а оваа година се зголеми за 10%.Неговото Височество беше придружуван од страна на Артур Мас, претседателот на каталонската влада; Жозе Мануел Сориа, шпанскиот министер з