Посета на Спасов во неколку приватни компании и средба со НВО

Кандидатите за пратеници од листата на кандидати од ИЕ 1, Диме Спасов и Светлана Јакимовска, остварија средба со претставниците на приватните компании: Бато и Дивајн, Леснина, Технокоп, Вурт, Генинг, Прототип при што разговараа за амбиентот и условите кои работат, како и за мерките наменети за нив во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за овие парламентарни избори. Спасов ги образложи мерките за вработување кои се нудат за вработување на млади, лица со инвалидност, приматели на социјална парична помош, како и за бенефитите од тие мерки за приватните компании.
Двајцата кандидати за пратеници нагласија дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ интензивно ќе работи за подобрување на бизнис климата.

 

Во рамки на посетата на општина Кисела Вода, Спасов и Јакимовска се сретнаа со над 20 претставници од НВО од општината во месната заедница 11 Октомври, нагласувајќи ја отвореноста за соработка на повеќе полиња.

Презентирајќи ја изборната програма, Спасов се осврна на делот кои се однесува на проекти за пензионерите, погодностите за социјално ранливите категории на граѓани. Невладините организации имаа можност да поставуваат прашања до кандидатите за пратеници. На крајот заклучија дека соработката меѓу НВО-секторот и Владата мора да продолжи.Спасов ги образложи мерките за вработување кои се нудат за вработување на млади, лица со инвалидност, приматели на социјална парична помош, како и

Пронајдете не на следниве мрежи: