Посета на втората смена од Училишниот спортски камп во Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги посети учесниците на “Летниот училишен спортски камп – Охрид 2016 “ и имаше можност да се запознае со најдобрите од училишниот спорт.- Денес, по втор пат имам можност да ги посетам најдобрите ученици-спортисти од втората смена на “Летниот училишен спортски камп – Охрид 2016 кој започна на 4 јули и ќе трае до 9 јули. Учениците-спортисти се селектирани како најдобри од училишните спортски игри. Во придружба со мене се познатите македонски спортски легенди Јошко Миленковски (одбојка) и Зоран Бошковски-Чоко (фудбал), кои имаат можност да им ги доближат техниките и методите на спортот и придобивките од спортот и спортувањето. Воедно, во претходните денови учениците спортисти покрај спортскиот дел, имаа можност во практичниот дел да се запознаат со тајните на спортското информирање од нашиот македонски спортски новинар Горан Милковски истакна Спасески и додаде дека овој проект ќе продолжи во иднина со уште позасилено темпо на реализација и дека неговите очекувања се од тука да излезат идните македонски репрезентативци. 
 
На кампот во делот на практичните предавања свое учество земаа и ген.секретар на Училишната спортска федерација на Србија Бора Станковиќ и професорот Зоран Поповски од Федерацијата на училишен спорт на Македонија. 
 
Летниот училишен камп со познати спортисти и спортски тренери е замислен како проект за валоризирање и наградување на најуспешните ученици кои се натпреварувале и оствариле голем резултат во училишните спортски лиги. Повеќе од 300 учеснци избрани од најистакнатите ученици во екипните спортови, како и победниците во индивидуалните спортови, се наградуваат со учество во Летните кампови, кои се организирани во две смени по завршувањето на натпреварите од училишните лиги во времетраење од 7 дена. На Летните училишни спортски кампови учество земаат познати спортисти и спортски тренери, кои им ги презентираат спортските вештини на учениците, ги тренираат и ги едуцираат. – Денес, по втор пат имам можност да ги посетам најдобрите ученици-спортисти од втората смена на “Летниот училишен спортски камп – Охрид 2016

Пронајдете не на следниве мрежи: