Министерството за транспорт и врски обезбеди 7 260 000 денари (околу 120 000 евра) за подобрување на водоснабдувањето во Општина Демир Хисар. Овие средства ќе бидат вложени за набавка на 4 нови пумпи за градскиот водовод во Демир Хисар од којшто, покрај градот, се снабдуваат и населените места Суводол, Кутретино и Слепче.Ова на градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски деновиве, при посетата на Демир Хисар, лично му го соопшти министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
– Две пумпи со голема моќност ќе бидат инсталирани на двата активни црпни бунари кај Граиште, а останатите две, во прецрпниот базен во населбата Мургашево. Новата пумпна постројка ќе биде комплетирана со уреди за автоматско работење и со фасонски делови на пумпите. Парите за набавка на опремата се обезбедени преку Европската банка за обнова и развој (EBRD), додека парите во износ од околу 200 000 до 300 000 денари за изведување на земјено – бетонските работи, самостојно ќе ги обезбедат Општината и „Комуналец“ – изјави градоначалникот Блажевски кој најавува дополнителна поддржка од ова министерство за проекти со кои што аплицирала општината.
– По завршувањето на реконструкцијата на водоводната мрежа, набавката на новите пумпи е, исто така, една од поголемите инвестиции во водоснабдителните системи на подрачјето на општина Демир Хисар што се случува првпат по 25 години. Честите дефекти заради дотраеност на пумпите, прекините во редовното снабдување со вода и големите трошоци што ги правевме за одржување, наскоро ќе бидат минато, а Демирхисарци, Суводолочани, Кутретинци и Слепчани имаат голема причина за задоволство од оваа заедничка инвестиција на владата и општината – вели првиот чпвек на ЈКП „Комуналец“ Пецо Наловски.
Се дознава дека е завршена целата постапка околу јвната набавка и дека најдоцна до крајот на оваа недела, министерот за транспорт и врски ќе гопотпише договорот со избраниот најповолен изведувач.Ова на градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски деновиве, при посетата на Демир Хисар, лично му го соопшти министерот за транспо