После овие реченици на сите им беше јасно што прави жена му: „Жена ми често одеше кај соседите и…“

Еден несреќен маж на Редит побарал помош од корисниците откако доживеал бизарна ситуација со сопругата и новиот сосед. На повеќето луѓе после овие две реченици им е сосема јасно за што станува збор, но не и на него.- „Првин да ви кажам дека сопругата и јас имаме навистина сјаен однос. Никогаш не сме се карале ниту сме имале било какви расправии. Тоа така одеше сѐ додека кај нас не се доселија новите соседи, Џул и Пол. И двајцата имаат по 30 години, слично колку и ние. 
По неколку дена откако се доселија, мојата сопруга отиде да се запознае со нив. Наредните денови често одеше кај нив и ми раскажуваше како одела на прошетка со нив за да ги запознае со останатите соседи. Во наредните неколку недели забележав дека се однесува чудно, не се одѕиваше на телефонот ни за жива глава, не ми дозволуваше да погледнам, дури и шифра стави. Кога ќе ја замолев да ми го покаже телефонот, ме гледаше преку рамена и ќе ми го грабнеше од раце после неколку минути. 
Пред неколу дена, Џул дојде кај нас. Јас бев во другата соба, но слушнав дека постојано се смееја и зборуваа за некоја тајна. Подоцна сите торјца пиевме вино. Го испивме, па после Џил рече дека таа има шише, но дека е премногу пијана за да замине од станот. Мојата жена не сакаше да оди и искоментира во стилот: „Што ако го затекнам Пол гол“, Џил на тоа рекла „ Па нема да видиш ништо што претходно не си видела“ и почнаа да се смеат.

Мене не ми дозволија да одам за да не помисли Пол дека сум натрапник и да не ме нападне. На крајот мојата жена отиде и ја немаше 15 минути, а за тоа време Џил ми зборуваше каков среќник сум и колку ми е жената секси. 
Жената конечно се врати и рекла дека е уморна. Веднаш замина во кревет, а Џул отиде во својот стан. Утредента ја прашав зашто ја немало толку долго и зошто веднаш заминала во кревет. Се обиде да ја промени темата, но јас инсистирав да ми го покаже телефонот, на што бесно изреагира и избега од куќата. Малку подоцна се врати и почна да се извинува и ми го покажа телефонот, но на него немаше ниту слика ниту порака. 
Не сум горд на ова, но го вклучив нејзиниот лап топ бидејќи таму автоматски се прикачуваат сликите од телефонот и видов тон голи фотографии од нашите соседи и неа. Ѝ ги покажав, а таа почна да плаче и ми рече дека првиот пат кога ги посетила ги затекнала на секс, но и дека ѝ било непријатно да ми го каже тоа. Потоа повторно заминала на прошетка. 
Јас во меѓувреме сакав да ѝ се извинам па тргнав по неа, но не можев да ја најдам, па седнав пред куќата за да ја почекам, а потоа забележав дека некој излегува од станот на Џул и Пол – и таа. Ми рече дека само навратила после прошетката за да им врати нешто што позајмила. Повторно се скаравме, а овој пат ми рече дека ги фатила среде секс, но дека не заминала веднаш. Наводно останала да ги гледа, а после пиеле пиво. Главно си се извади од неколку ситуации и сега мисли дека сѐ е во ред, а мене ме боли секој пат кога таа оди кај нив. Кога и да кажам да дојдам и јас со неа, грубо ме одбива. Не знам што да мислам, дали ме изневерува? Можеби само се дружи? Можеби јас сум неразумен што ѝ забранувам да се гледа со соседите“, напишал несреќниот човек. 
На сите нормално им било јасно како ден за што станува збор, но после десетината одговори и мажот сфатил дека има рогови. Кога конечно сфатил дека неговата жена го изневерува, рекол дека ќе зборува со сите тројца и дека ќе го извести форумот што точно се случило…- „Првин да ви кажам дека сопругата и јас имаме навистина сјаен однос. Никогаш не сме се карале ниту сме имале било какви расправии. Тоа така

Пронајдете не на следниве мрежи: