После поразот од Тунис, Обрван поднесе оставка!

По поразот од Тунис 26:32, селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, си поднесе оставка.-Сите ние заедно имавме еден голем сон, да се обидеме првпат во историјата на Македонија да се пласираме на ОИ, но не успеавме, изгоревме во тоа и заслужено загубивме. Лошо го отворивме натпреварот и потоа не успеавме да се вратиме од тој голем минус. Имавме неколку ситуации да фатиме приклучок, но не знаевме да ги искористиме. После ова се повлекувам од функцијата селектор на македонската ракометна репрезентација, рече Обрван.

Хрватскиот стратег седеше на клупата на Македонија од пролетта 2013, кога избори пласман на ЕП во Данска, потоа ја однесе Македонија и на СП во Катар и на ЕП во Полска, во јануари годинава
-Сите ние заедно имавме еден голем сон, да се обидеме првпат во историјата на Македонија да се пласираме на ОИ, но не успеавме, изгоревме во тоа и

Пронајдете не на следниве мрежи: