Последни секунди од летот: Пронајден мобилен телефон од патник, се слуша…

Кратката снимка која беше пронајдена на местото на падот на авиокомпанијата „Germanwings“ во Алпите, ги потврдува податоците кои се забележани во едната црна кутија.„Paris match“ и „Bild“, дошле во посед на снимка која е направена со мобилен телефон во авионот, односно на која се забележани последните неколку секунди од летот.
Аудиоснимката не е објавена, бидејќи според францускиот весник, на неа не се гледаат многу работи и тешко е да се идентификуваат луѓето, но даден е опис на случувањата врз основа на снимените звуци.
Според аудиоснимката, јасно е дека патниците биле потполно свесни дека авионот ќе се урне. Се слушаат вресоци, бучава и зборовите „О, Боже“ на неколку јазици.
Повеќе пати се слушаат удари во метален објект, што е можеби звукот на тропањето на пилотот во затворената врата од кокпитот во која се наоѓал копилотот Андреас Лубиц, за кого се верува дека намерно го урнал авионот во кој се наоѓале 150 патници.
При крајот на снимката се интензивираат вресоците и бучавата, а потоа доаѓа тишина…
Спасувачката акција траеше сѐ до вчера, кога сите тела од жртвите биле однесени од местото на несреќата.
„Повеќе нема ниту едно тело на местото на несреќата. Екипа од 20 планинари, заедно со останатите екипи ќе ги однесат личните работи на настраданите“, изајвил генерал-полковникот Жан Марк Менкини за AFP, додавајќи дека сѐ уште се трага по „црната кутија“.
Планирано е истрагата на местото да биде завршена до 8-ми април, по што цивилниот тим, кој е оформен од „Lufthansa“ да го исчисти местото на падот.„Paris match“ и „Bild“, дошле во посед на снимка која е направена со мобилен телефон во авионот, односно на која се забележ

Пронајдете не на следниве мрежи: