Никогаш не заминав од Голи оток, тој остана во мене, тоа е болка која не минува. Мене ми изгледа како до вчера да бев затворен тука“, раскажува и се потсетува како политиката иронично си поиграла со нив, со „логорашите“.На Голи оток нема херои. Хероите завршија во гробови. Јас не сум херој. Само го преживав. Таму не може да се биде херој со оглед на тортурата што владееше. Островот е создаден за тие што казнуваат да ги испитуваат и тепаат тие што се донесени се додека не се преобратат. Не не пуштаа дома се додека не го сфатевме тоа – раскажува Владо Бобинац.
Бобинац има 90 години. Еден е од околу 4 илјади поранешни затвореници од Голи Оток. Пензиониран професор по историја кој живее на Крк и се уште работи како водич кој самоиницијативно, волонтерски и вонинституционално на туристите на сосема необичен начин им ја доловува судбината на затворениците од островот. Иако годините му натежнале, духот и здравјето се уште го служат, па и по најголемите жештини пешачи низ островот и ја раскажува својата судбина на љубопитните гости.
На прашањето дали не е трауматизирачки повторно да се враќа на местото од кое после 2,5 години заточеништво излегол со само 46 килограми, тој одговара.
„Никогаш не заминав од Голи оток, тој остана во мене, тоа е болка која не минува. Мене ми изгледа како до вчера да бев затворен тука“, раскажува и се потсетува како политиката иронично си поиграла со нив, со „логорашите“.
Кога во 1949 година почнала хајката на Информбирото, Владо Бобинац бил на загребскиот Филозофски факултет,студент по историја. До Голи оток не го довеле радикални политички акции, туку две едноставни човечки реакции. Неговиот грев бил тоа што како претседател на народната студентска младина не сакал да ги бојкотира колегите кои партијата ги прозвала како симпатизери на Сталин.
„Јас одбивав да ги спроведам наредбите за нивно исклучување и му напишав писмо на секретарот на КП дека не можам тоа да го сторам и додадов уште една работа, реторичко прашање дека размислувам каде е вистината. Тоа им се виде премногу, веднаш ме повикаа на партиски разговор, сакаа да ме премислат и да отстапам. Кога на еден од партиските состаноци го земав статутот од кој го цитирав правото на демократско изјаснување сите почнаа да фрчат и ме исфрлија од партијата“, раскажува Бобинац.
По овој настан тој сретнал еден сосед кој се вратил од Голи оток на кој му рекол:
„Имаш семејство, немој да мислиш засега на тоа“.
Повеќе на mkd-news.com