четврток, 12 ноември 2026
Најново

ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ До Владата на Александар Стамболиски испратено од Т. Александров

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ  До Владата на Александар Стамболиски 
испратено од Т. Александров  

„Слобода или Смрт“В.М.Р.О.10 април 1923 год.423Македонија

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Последно Предупредување
До г. Ал. Стамболиски, копие – неговите другари министри и познати видни општественици, пратеници, претседатели на друштва во Софија и др.
Ако и покрај нашите неколкукратни потсетувања за тоа, пак се насрчите да ги испратите во Македонија под бугарска власт познатите разбојници на бугарското општество – „федератисти“ и дискредитираните пред сите бугарски граѓани и пред светот крадци-„портокалови гардисти“, ВМРО, пред да го стави во исполнување т. 2 од решенијата во окружното под број 303/922 год. и окружното под број 416/923 год., од кој по еден примерок Ви се приложува тука, го смета за свој заповеден долг да Ве предупреди за последен пат, дека за сите лоши последици од ова безумие во Царството Бугарија и за целото бугарско племе ги држи за одговорни: Вас лично, Вашите другари министри и сите вредни учесници во ова дрско и предавничко злосторство, претседатели на друштва и др. земјоделски големци.
Прилог: 2 окружни, под број 303/922 и 416/923.
Чл. во Ц. К. на ВМРО(п) Т. Александров
 

„Слобода или Смрт“В.М.Р.О.10 април 1923 год.423Македо

Поврзани вести