Посни солени палачинки

Вкусни и декоративниСостојки:
За тесто:
750мл кисела вода
Малку сол
Масло
Брашно по потреба
 Малку пециво
Фил:
½ страка праз
Малку масло
½ кг свежи печурки
Зачини по вкус
100мл посен мајонез
200гр сенф
Презла за поховање
Подготовка:
Направете тесто од киселата вода, маслото, солта,  прашокот за пециво и брашното   да се добие густина како за палачинки. Од тестото направете палачинки.

 
За филот испржете го празот на малку масло, додадете ги сецканите печурки, зачинете по вкус и динстајте додека не испари водата. Кога филот ќе се олади, додадете 100мл мајонез. Филувајте ги палачинките со по малку фил и замоттајте ги како сармички, спојте ги прво двата краја, па свиткајте во палачинка. Краевите намачкајте ги  со сенф за да се залепат. Секоја палачинка намачкајте ја со сенф од надвор а потоа во презла  и пржете на малку масло, да добијат коричка. Можат  да се направат и неколку дена претходно, подгответе ги извалкајте во презла и ставете ги во замрзнувач, па извадете ги половина час пред пржење. Состојки:
За тесто:
750мл кисела вода
Малку сол
Масло
Брашно по потреба
 Малк

Пронајдете не на следниве мрежи: