Направете си пикантно макало со гравДоколку постите за празниците, ова пикантно макало е навистина одлично за оние кои обожуваат луто и посно јадење.
Се што ви е потребно за подготовка на истото е:
– 150 гр грав
– 250 мл доматно пире
– 20 суви црвени везени пиперки, (мешани благи и лути)
– 50 мл масло за јадење
– 4-5 чешниња лук
– сол по вкус
Начин на подготовка:
Најпрво во посебни тенџериња сварете ги гравот и црвените пиперки.
Потоа истолчете го лукчето со малку сол, додадете ги пиперките исчистени од семки, па истолчете. Додадете го сварениот грав, па сето заедно истолчете го додека не се изедначи.
На крајот додадете го доматното пире, убаво измешајте и зачинете по вкус.
Маслото загрејте го на страна па попарете го макалото.
Послужете со меко домашно лепче, а доколку не постите јадете го со овчо сирење!
Имајте добар апетит!Доколку постите за празниците, ова пикантно макало е навистина одлично за оние кои обожуваат луто и посно јадење.
Се што ви е потре
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.