Без аргументи и без докази беше обвинета општина Гази Баба, јас како градоначалник и дел од вработените во општината, изјави денеска градоначалникот Тони Трајковски.Иако во минатото целокупната постапка во врска со случајот Космос беше водена максимално транспарентно и за целокупната наша постапка беше информирана јавноста преку медиумите, амбасадите и сите релевантни институции во Република Македонија. Уште еднаш сакам да потенцирам дека целокупната постапка се одвиваше законски и транспарентно согласно законите во Македонија и согласно Уставот во Македонија.
Инвеститорот, вели Трајковски и самиот целото време знаел дека градбата ја гради спротивно на одобрението за градба, спротивно на архитектонско урбанистичкиот проект и спротивно на деталниот урбанистички план.
Со 9 одлуки од Управниот и Вишиот управен суд се потврдува законската постапка. Има и едно решение од Уставниот суд, со која во конкретниот случај Фијат Цаноски ја искористил сета можност што ја дава Уставот.
-Ниту едно право кое што е загарантирано со Уставот не му било попречено. За тоа дека целокупната постапка била законска потврдува и самиот инвеститор преку доставување на негов елаборат со мерење. Во целокупната процедура биле изработени 4 елаборати од кои што два беа од општина Гази баба, односно фирма која што ја ангажирала општина Гази Баба, имаше ангажирано фирма и Државниот инспекторат како и фирмата инвеститор ФИНЕ за фактичката состојба. Тоа е елаборат со кој што и рој самиот потврдува дека градбата ја градел спротивно на одобрението за градење, објаснува Трајковски.Иако во минатото целокупната постапка во врска со случајот Космос беше водена максимално транспарентно и за целокупната наша постапка беше информир