Постигнат рамковен договор за буџетот на ЕУ

Лидерите на Европската унија(ЕУ), по тешките преговори кои траеле цела ноќ, во петок успеале да постигнат рамковен договор за буџетот на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година.„Прилично сме уверени дека имаме рамка за договор“, изјави европски политичар, кој сакаше да остане анонимен.Според него, договорот сè уште не е финализиран, а се очекува тоа да биде направено во петок.Изворот додава дека било договорено Унијата горниот лимит на буџетското трошење во наведениот период да го постави на 960 милијарди евра. Тоа е помалку од износот што го бараше Европската комисија(ЕК), чиј прв предлог изнесуваше 1.025 билиони евра, што е пет отсто повеќе во однос на постоечкиот седумгодишен период, за потоа да биде намален на 973 милијарди, пишува Би-Би-Си.Самитот на ЕУ посветен на повеќегодишната буџетска рамка на Унијата за следниот седумгодишен период од 2014 до 2020 година почна во четвртокот навечер со повеќе од пет часа задоцнување.
МакфаксЛидерите на Европската унија(ЕУ), по тешките преговори кои траеле цела ноќ, во петок успеале да постигнат рамковен договор за буџетот на ЕУ з

Пронајдете не на следниве мрежи: