Луѓето кога се во лоша ситуација и имаат проблеми почнуваат да паничат и чувствуваат вознемиреност на физичко ниво.
Поради паника, проблемите не ги решаваат здраво, разумно и само времето одминува, а проблемите се таложат. Така започнува процесот на сопствено обезличување, ви се допаѓало тоа вам или не, за постепено и неосетно, да запаѓате во апатија, безенергичност, а тоа е состојба која е лавиринт, кој се повеќе се заплеткува, а вие почнувате да се губите во него.
Во тие моменти и ситуации, патувачот заборава од каде дошол и на каде треба да тргне.
Сите се прашуваат како да се пронајдат себе си во такви ситуации, како да престанат да чувствуваат паника, страв и стрес и да се насочат кон решавање на проблемот?
Решението е едноставно, колку тоа за вас да изгледа комплицирано или можеби нереално. За почеток треба да се осознаете себе си, своето тело, својот дух, својата физиологија, својот интелект. Знаејќи како da функционирате преку духовноста, физиологијата и интелектот вие веќе ќе бидете еден чекор напред во решавање на вашиот проблем. Проблемите од зад вас, ставети ги пред вас, за да можете појасно да ги видите и да се насочите кон нивно решавање.
Секогаш е многу полесно да кренеме раце, да се предадеме и да оставиме на „времето“ за да видиме дали проблемот ќе биде решен или не. Но, дали е навистина така? Дали времето решил некој проблем или само го пикнал под тепих односно го потиснал длабоко во вашата психа?
Соочувањето е еден моќен процес на болка, на неприфаќање, непризнавање на состојбата пред самиот себе си.Токму поради тоа малку се оние индивидуи кои имаат сила, верба, моќ, да се „надминат“ себе си, затоа што ова е внатрешна борба, за надминување на потиснувањата кои се длабоко во вас, а сето тоа е толку комплексно. Затоа тоа бара силен напор, многу суптилност и истрајна посветеност.
Со првото соочување на еден различен начин од вашиот познат досега, можете да се сретнете во Холистичкот Центар за Спиритуална Рехабилитација. Тука ви треба посветеност, внимание, присуство и постепено се отвараат потиснатите чувства, емоции, зборови.
Соочете се со нив, бидете храбри, верувајте си себе си и верувајте на своите одлуки, затоа што само така ќе можете да ги решавате проблемите.
Па, дури и да згрешите, следете се себе си со совесност, така ќе откриете каде сте згрешиле. Природно е кога ќе се излезе од „познатото„ или пак „зоната на конфорт“ па каква и да е сепак била позната, па дури и кога е непријатна, сепак е позната за оној кој се наоѓа во неа. Откако ќе настапи непознатото, се чини така стресно и страшно, бидејќи нема познати правила, нема познат пат, познати реакции. Се е ново, различно, без насоки. Е тогаш го чувствувате стравот на непознатото, па во тој случај се прашувате како да се ориентирате?
Според истражувачот по спиритуални техники на исцелителност Жаклина Димовска, која долги години се занимава со теоријата на личноста, спиритуални техники, методи за допирање до себе си, влијанието на енергијата, вибрациите и медитацијата кои помагаат на човековото тело, дух и ум, за почеток потребно е да ја свртите камерата на внатре, а не на надвор.
Што значи тоа?
„Кога ќе ја насочите камерата на внатре, ќе ги видите своите споствени – лични предности и сите мани. Многу малку луѓе имаат сопствена, лична сила и волја, да им се спротистават на сопствените препреки. Едноставно не сакаат да си ги согледаат, бидејќи тогаш треба да се соочат и да признаат дека тоа не чини и кога нема да чини нештото, треба да се изнесе на маса односно пред себе да се проблематизира. Но, сепак тоа боли и предизивикува ткав психичка болка, која многу често се рефлектира и на физичко поле, а сепак реално таа е присутна на ментален план.
Кога ќе се тргне од духовното треба претходно да се донесат многу одлуки во кои најнапред егото ќе го тргнете на страна. Нема да ви биде ниту срам ниту страв од ништо што правите, се додека има добра намера можете да правите што сакате, но до таму, до каде што нема да ги загрозите другите“, изјавува Жаклина Димовска.
Вие сте господари на самите себе. Според тоа вие ја имате моќта да одлучите дали ќе се осознаете духовно и ќе превземете нешто за решавање на проблемот или едноставно ќе решите да бидете на исто ментално, духовно ниво, како и до сега и ќе се препуштите на „времето“ да го реши вашиот проблем, доколку тоа е возможно.
Одлуката е ваша!
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Луѓето кога се во лоша ситуација и имаат проблеми почнуваат да паничат и чувствуваат вознемиреност на физичко ниво.&nb