Дури 12 отсто од жените би можеле да бидат алергични на сперма, а кај некои од нив изложувањето на истата може да доведе и до анафилактичен шок – тврдат експертите.
Мајкл Керол, докторот кој предава на студиите за наука за репродукција на Метрополис универзитетот во Манчестер, изјави дека најмногу се погодени жените на возраст меѓу 20 и 30 години. Кај нив симптомите се јавуваат моментално или еден час по изложувањето на сперма.
Ииритација, чешање, болно уринирање и екземи, се симптомите кои се јавуваат, додека во најсериозните случаи може да дојде и до фатална алергиска реакција на организмот.
Ова претставува многу чест проблем – вели докторот Керол. Тој со своите колеги извршил засега необјавено истражување, кое покажува дека од оваа алергија се погодени 12 отсто од жените.
Керол истакнува дека симптомите на пречувствителност на човековата сперма често се мешаат со другите состојби, како што се дерматитис и сексуално преносливите болести.
Докторот заедно со своите колеги во болницата „Сент Мери“ во Манчестер дијагностицирал алергија кај четири жени и открил дека алерген е семената течност. Веројатно ја предизвикува состојката во течноста – гликопротеин.
Лицето кое е алергично на сперма, не може од неа да се спаси, односно, со промена на партнерот не може да ја избегне алергиската реакција.
Во сите случаи ефикасни се покажале апстиненцијата од секс и секс со кондом.Дури 12 отсто од жените би можеле да бидат алергични на сперма, а кај некои од нив изложувањето на истата може да дове