Потешко повредените во сообраќајката кај Крива Паланка ќе бидат пренесени во Софија

Четири лица кои се здобија со тешки телесни повреди откако автобус со бугарски регистарски таблички синоќа излета од магистралниот пат А-2 Куманово – Крива Паланка, со санитетски возила ќе бидат транспортирани во Софија.
 Ова денеска го истакна началникот на Итната медицинска помош при Здравствениот дом „Академик проф.д-р Димитар Арсов“, Грозде Спасовски, кој рече дека во несреќата со лесни повреди и набиеници по телото се здобиле и 21 лице на кои им била укажана лекарска помош и се испратени на домашно лекување, пренесува МИА.
Тој информира дека на терен интервенирале две екипи на Итната медицинска помош кои етапно ги транспортирале повредените.
– Кај нас се јавија 25 лица, од кои четворица се со тешки телесни повреди, двајца со скршеници на клучната коска и сериски скршеници на ребрата, еден со повреда на рамо и исчашен спореден зглоб и една пациентка со скршеници на 11. торакален и вториот лумбален пршлен. Повредите на тројца од нив не бараат оперативно лекување и се третираат конзервативно. Тоа се скршениците на клучната коска и торакалниот пршлен, посочи Спасовски.
Појасни дека кај сите е поставена имобилизација, дадена е терапија, а пациентката со исчашен спореден зглоб на рамото ќе мора да се оперира.
– Околу 2 часот по полноќ пристигна бугарскиот амбасадор во Македонија, м-р Иван Великов Петков којшто беше во постојана координација со нас, ги посети повредените лица и беше договорено во посредство со Бугарската амбасада во Македонија да им биде организиран медицински транспорт во Софија од каде што потекнуваат сите лица, рече Спасовски.
Тој додаде дека вработените во дежурната служба на Итната медицинска помош им ја пружиле неопходната помош на повредените.Ова денеска го истакна началникот на Итната медицинска помош при Здравствениот дом „Академик проф.д-р Димитар Арсов“, Грозде Спасо

Пронајдете не на следниве мрежи: