За да ја направите оваа вкусна тава со макарони, печурки и павлака потребни ви се:1 кисела павлака
300 гр маринирани печурки
1 јајце
200 гр кашкавал
1 помала главица кромид
300 гр кравјо сирење
500 гр макарони
Чекор 1: Макароните се варат во посолена вода со малку масло. Додека се варат, може да се спрема филот. Се загрева масло и се запржува прво ситно сечканиот кромид. Потоа се додаваат печурките (претходно сечкани) со постојано мешање. Пред да почне да потемнува кромидот, се посолува, се додава пола лажичка црвен пипер и се трга на страна.
Чекор 2: Сирењето и кашкавалот се рендаат. Јајцето се разматува со пола павлака, се додава малку сос од домати, 5 супени лажици млеко и 5 супени лажици од водата во која се вареа макароните
Тавчето, по желба, може да е округло или правоаголно.
Чекор 3: Се премачкува тавчето со масло и одозгора се реди еден ред од сварените макарони (половина од макароните). Се нанесува одозгора половина од филот со печурките, се става одозгора половина од ренданото сирење и малку од ренданиот кашкавал. Одозгора се става малку сос од домати. Повторно се реди останатиот дел од макароните, па останатиот фил со печурки, ренданото сирење и кашкавал. Повторно се става одозгора уште малку сос од домати. Се налеваат неколку супени лажици од водата во која се вареа макароните и спремно е за печење.
Рерната се загрева на 200С, па пред да ги ставиме макароните да се печат, рерната се намалува на 170. Се печат околу 15-20 минути, се вадат од рерна, се полеваат со смесата од матено јајце и павлаката, се наросува одозгора малку босилек за вкус (по желба, вкусно е и со оригано) и се враќа во рерна да се потпече уште 10 до 15 минути.1 кисела павлака
300 гр маринирани печурки
1 јајце
200 гр каш