Потпечени пица макарони!

Еве една добра идеја што да подготвите за ручекСостојки:
400гр макарони
300гр печурки
100гр шунка
100гр сушено месо
100гр колбаси
кечап по потреба
оригано
200гр траписта сирење
За прелив:
1 јајце
1 чаша јогурт
Подготовка:
Макароните сварете ги во солена вода, исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода. Додадете ги исецкани на коцки шунката, сувото месо, колбасот и печурките. Додете го кечапот и ориганото и промешајте се убаво. Сеединете се добро па ставете ја смесата во огноотпорен сад премачкан со малку путер.
Изрендајте половина од сирењето врз макароните.
Изматете ги јајцето и јогуртот, посолете па прелијте преку сирењето. Преку тоа изрендајте го остантото сирење и по желба посолете со оригано. Запечете во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути.
Пријатно!Состојки:
400гр макарони
300гр печурки
100гр шунка
100гр сушено месо
100гр колбаси

Пронајдете не на следниве мрежи: