Договор за помош вреден 330.000 евра за санирање на најкритичните точки на браните на реката Пена во Полошкиот регион денеска потпишаа министерката за локална самоуправа Ширет Елези и постојаниот претставник на УНДП Лујза Винтон.– Безбедноста на граѓаните е на прво место. Министерството за локална самоуправа преку своите програми со поддршка на меѓународната заедница ќе продолжи со директна поддршка за целосно отстранување на ризиците од излевање на реката Пена и заштита на населението во Полошкиот, но и во другите плански региони во државата, истакна Елези.
Потсети дека изминатата година со поддршка на УНДП се подготви темелна анализа која што ги лоцира ризиците од поплавите во Полошкиот регион.
– Најкритични точки се трите целосно уништени брани на реката Пена, чистење на речното корито и негова санација во должина од скоро два километри и продолжување на регулацијата во урбаната зона во должина од еден километар, рече Елези.
Според Лујза Винтон, екстремните временски настани се наша нова реалност и дека она што ни се случуваше на секои 100 години сега може да се очекува на секои 50 па дури и почесто.
– УНДП внимателно ги анализираше ризиците од поплави во Полошкиот регион истовремено со други студии на сите речни корита и планински поројни реки во земјата. Во секој случај, овие студии посочуваат широк спектар на мерки кои можат да се преземат за да се заштитат животите и имотите на луѓето и да се спречи екстремното време да предизвика катастрофа, истакна Винтон.
Додаде дека е потребно да се инвестира во инфраструктура, како што се браните кои ќе се поправат во горниот тек на реката Пена над Тетово со цел да се намали брзината на водата и да се запрат цврстите предмети кои ги носи реката.
– Основно правило на ОН е дека за секој еден долар кој го инвестираме заштедуваме седум долари кои би биле потребни на вонредни активности и обнова, рече Винтон и додаде дека истовремено со поправката на овие три брани заедничкиот проект ќе ја финансира и реконструкцијата на системот за рано алармирање на 120.000 жители на Полошкиот регион кои се соочуваат со заканата од поројни поплави.
Реконструкцијата и поправката на трите оштетени брани на реката Пена се очекува да заврши до крајот на оваа година.– Безбедноста на граѓаните е на прво место. Министерството за локална самоуправа преку своите програми со поддршка на меѓународната заедница