По долги година конечно проблемот со водоснабдувањето во неколку населени места во општина Чешиново-Облешево ќе биде решен.Имено во текот на вчерашниот ден Општина Чешиново-Облешево потпиша Договор со Министерството за финансии за под заем во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP).
Средствата кои се обезбедени со овој проект односно средствата со кои општината се задолжи се во износ од 19.814.506,00 денари со рок на отплата од 13 години и грејс период од 3 години. Каматната стапка е шест месечен Euriborсо варијабилен распон.
Задолжувањето, како што веќе наведовме, ќе се реализира по пат на домашно долгорочно препозајмување преку проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.
Со средствата од Проектот ќе биде изграден главниот крак на водоводната мрежа во должина од 3.204,28м со сите потребни пратечки објекти, водоводни шахти и хидрантски приклучоци кој се протега од приклучната шахта кај с.Долни Подлог па се до приклучната шахта кај с.Чифлик од каде преку веќе изградениот систем за водоснабдување вода за пиење треба да добиваат и жителите на село Чифлик и село Чешиново.
Водата за пиење ќе се обезбеди преку водоснабдителниот систем на Кочани која што претходно е третирана во постојната фабрика за водаво Кочани за кое нешто претходно беше склучен Договор со општина Кочани и Комуналното Претпријатие „Водовод“ од Кочани. Со реализација на овој проект граѓаните ќе добијат чиста вода за пиење, хемиски и бактериолошки исправна.Имено во текот на вчерашниот ден Општина Чешиново-Облешево потпиша Договор со Министерството за финансии за под заем во рамки на средства