Потпишан е договорот за имплементација на проектот ИЗГРАДБА НА ИНФРАСТУКТУРА ЗА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ од јавниот повик за финансирање на проекти од ИПА компонентата за прекугранична соработка Бугарија- Македонија. Општина Берово ќе имплементира четврт по ред проект финансиран од претпристапните фодови на Европската Унија и веќе ги прави подготовките за отпочнување со работа, се работи тендер за избор на изведувач и во најкраток можен рок ќе се отпочне со градежните активности.
Проектот опфаќа:
– Изградба на водовод со резервоар
– Пумпна станица
– Пречистителна станица
Електронски информативен пункт преку кој туристите ќе добиваат понуди и информации за туристичките капацитети
Во соседната општина Сандански во Република Бугарија, која што е проект партнер на Општина Берово ќе се изведува урбано уредување на градски парк со осветлување.
Градоначалникот Наџински присуствуваше на свечената церемонија за доделување на договорите и задоволен од добивањето на проектот финансиран од Европската Унија истакна:
“Сакајќи да ги оствариме целите кои се предност и приоритет во развојот на Општина Берово и се вградени во стратегијата за Локален економски развој, успеавме со изработена техничка проектна документација и физибилити студија да аплицираме на првиот повик од Новата Интеррег-ИПА прекугранична програма Бугарија – Македонија за да го изградиме толку потребниот водоснабдителен објект за туристичката населба Беровско Езеро, зошто ценам и сум лично убеден дека туризмот во иднина ќе биде водечка стопанска гранка во општината.“
Во престојниот период ни претстои имплементација, која ке придонесе за подобрување на туристичкиот потенцијал, подобрување на конкурентноста во прекуграничниот регион, и подршка на развојот на туризмот. Општина Берово ќе имплементира четврт по ред проект финансиран од претпристапните фодови на Европската Унија и веќе ги прави подготовките за