Меморандум за соработка меѓу општина Кисела Вода и здружението за хумано домување “Хабитат Македонија”, денес потпиша градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ и извршниот директор на ова здружение Зоран Костов.Воспоставената соработка која се реализира преку Секторот за локален економски развој на општина Кисела Вода, ќе овозможи подготовка на Регистар на станбени згради и Регистар на управители, согласно Законот за домување.Предвидените активности вклучуваат и обезбедување на совети за подобрување на резиденцијалната енергетска ефикасност во општината и подигнување на јавната свест за значењето на енергетската ефикасност.Во периодот што следува, преку анкети ќе биде оформена електронска база на податоци која ќе биде од големо значение за граѓаните и општината. Освен системска евиденција на станбените згради и управителите, ќе се соберат и податоци за градежните и енергетските карактеристики на станбените згради.На овој начин, општина Кисела Вода и здружението Хабитат заеднички ќе овозможат подобрување на квалитетот на домување и управувањето со станбените згради на овој дел од градот, како и подобрување на енергетската ефикасност, еколошки концепт за кој оваа локална самоуправа силно се залага.Воспоставената соработка која се реализира преку Секторот за локален економски развој на општина Кисела Вода, ќе овозможи подготовка на Регистар на
Пронајдете не на следниве мрежи: