Потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Македонија и Швајцарија и промовирање на Програмата за зголемување на пазарната работливост

Заменикот претседателот на Влада на Република Македонија, Владимир Пешевски и в.д. Амбасадор на Швајцарија во Македонија Катарина Стокер во понеделник во 9:00 часот во Ресторанот Воденица Мулино ќе потпишат меморандум за разбирање за взаемната соработка при имплементација на Програмата за зголемување на пазарната вработливост. Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. Првата фаза од програмата се имплементира во периодот од 1 април 2015 до 1 април 2019 и е со буџет од 6.25 милиони швајцарски франци.Програмата е фокусирана на обезбедување на системски промени кои ќе овозможат пристојни вработувања или само-вработувања и повисоки примања пред сѐ за младите. Очекуваните клучни резултати од програмата се, во период од 4 години, да се создадат повеќе од 2,000 директни или индиректни работни места и да се зголеми нето приходот на повеќе од 1,000 мали и средни претпријатија за 1.5 милиони евра.
Програмата работи во три сектори во економијата: туризам, креативна индустрија и зелена економија. Во соработка со приватниот сектор ќе се работи на подобрување на можностите за зголемен пристап до меѓународните, регионалните и домашните пазари, на развој на производи, пристап до финансии и квалификувана работна сила со цел да се обезбеди раст на претпријатијата.Програмата е фокусирана на обезбедување на системски промени кои ќе овозможат пристојни вработувања или само-вработувања и повисоки примања пред сѐ

Пронајдете не на следниве мрежи: