Потпретседателот на Шпанската Примера Дивизија, односно популарната Ла Лига, изрази незадоволство со оглед на фактот дека во таа лига има „лажирани натпревари“, т.е. со еден збор се „местат натпревари“ и најави дека шпанските истражни органи би можеле да тргнат по стапките на своите колеги од Италија.
Ако се суди според зборовите на потпретседателот на Шпанскиот фудбалски шампионат во Примера има местенки и премногу брзо може да се очекува и истражните органи преземат некои активности како што светската јавност имаше прилика да ги види во Италија.
„Натпреварите во Ла Лига се продаваат а имињата на оние кои се служат со такви активности мораат да излезат на виделина. За жал, немам докази за да ја потврдам таа работа но знам дека одредени натпревари во Шпанската Лига се наместени“ изјави Тебаш.
Тебаш не говореше околу тоа кои клубови учествувале во местењето на натпревари и останува да се види дали би можело шпанското обвинителство да покрене акција околу овие на некој начин „обвинувања“ од страна на потпретседателот на Шпанската Фудбалска Лига.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Потпретседателот на Шпанската Примера Дивизија, односно популарната Ла Лига, изрази незадоволство со оглед