Потресна исповед: Како бев силувана во сопствениот стан

По професија сум комичарка и навикната сум на сцена да зборува за се- раскинувања, смрт, што и да посакате. Но постои една тема за која не можам да зборувам со години: силување. Конкретно, моето силување од страна на моето поранешно момче.Долго време тоа воопшто не го наеркував „силување“. Очекував мнгу збунети прашања, доколку го изговорев тој збор: „Дали си сигурна дека било силување? Дали навистина било несакано?“ одговорот во двата случаја е „да“. Сепак, ми требаше многу време да го согледам тоа.
Мојот поранешен и јас имавме 20 години кога почнавме да живееме заедно во еднособен стан во Чикаго, и двајцата бевме комичари. Го сакав, но после осум месеци заеднички живот, неговите љубоморни испади и вербално злоставување, едноставно изгубив желба да работам на врската. Раскинавме една ладна вечер во неговиот автомобил, а потоа излеговме и тргнавме заедно во станот. Не можев веднаш да најдам нов стан, па спиев во креветот, а тој на каучот. Можеме д функционираме месец дена додека не најдам нов стан, зарем не?
Но, постојано ме прашуваше дали сум се предомислила за нашата разделба, помислив дека конечно дојдовме до заеднички заклучок дека е готово, бидејќи и тој призна дека не е среќен во врската. Се прегрнавме- а потоа ме стегна. Се тргав, но ме крена како кукла и ме однесе во спалната соба. Потоа ме фрли во кревет и ми ги соблече панталоните. „Не, немој“, му реков но тој продолжи.
Ми ги бутна рацете меѓу бутините. Почувствував дека целото тело ми се напна. Не го сакав тоа. Додека ги откопчуваше панталоните, сфатив што се случува. Додека беше во мене, лежев збунета, како животно во кафез, а кога конечно се тргна од мене, се стуткав за да го заштитам телото, и плачев. Плачев се додека конечно не го напушти станот.

 
Не знаев што да мислам за тоа. Дали можеби на некој начин го барав тоа? Дали тоа беше само груб секс со поранешниот, кој се заврши со солзи? Никогаш повеќе не спиев таму.
Следната година дена бев во тотален хаос. Со самото спомнување на неговото име во мене чувствував гнев и бес. Имав напади на паника, дури помислив и на самоубиство. Тој, во меѓувреме, се однесуваше како ништо да не се случува, како никогаш никого да не повредил. По нашето раскинување дури стана и подуховит- кому уште не му се допаѓа момче кое со помош на шали се носи со скршено срце?

Никогаш никому не сум кажала што ми се случи, бидејќи се плашев дека тоа ќе ми ја уништи кариерата пред воопшто да почне. Бев комичарка, а не жртва! Се плашев дека заедницата на комичари, која толку многу ја сакав, ќе застане на негова страна доколку кажам што се случило. Толку се грижев за тоа, што станав параноична, убедувајќи се себе си секој пат кога немаше да помина на аудиција дека тоа се случува бидејќи знаат што се случило и дека се на страна на мојот поранешен. Дури подоцна дознав дека паранојата е вообичаен симптом на посттравматски стрес предизвикан од сексуално злоставување.

 
Конечно на пријателката ѝ раскажав што се случи, и таа ме охрабри да се обратам на психолог. Првата работа која ми ја објаснија е дека не сум виновна за силувањето. Воопшто не било важно дали сум сакала да се иселам или не , дали сме биле вљубени и дали нему му било скршено срцето. Не сакав секс и требаше да го почитува тоа!
Иако стео ова се случи многу одамна, дури сега зборувам за тоа и малку по малку се ослободувам. Повеќе не се срамам и не чувствувам товар, и иако не се шалам на сметка на силување, знам дека оваа искреност ме прави подобра личност и нескротлива комичарка. А кога зборувам за своето силување, зборувам директно за да стигне до кого треба- посебно до оние кои треба да знаат дека не се осамени во ова.
Откако се иселив не разговарам со поранешниот, и немам желба тоа да се промени. Не го тужев, бидејќи самиот факт дека со својата приказна им помагам на другите повеќе ме задоволува отколку што би било случај со некое извинување или апсење. Заедница и поддршка се она што посакував кога ми се случи ова. Јас тогаш не можев да го имам, но се надевам дека со мојата приказна ќе им помогнам на другите да го најдат тоа.Долго време тоа воопшто не го наеркував „силување“. Очекував мнгу збунети прашања, доколку го изговорев тој збор: „Дали си сигурн

Пронајдете не на следниве мрежи: