Потресна исповед на малолетничка: „Ме удираа и ми ја сечеа косата пред сите“

Малолетната ученичка која во петокот беше претепана од страна на нејзините соученици во средното училиште во Тузла, конечно се осмели да раскаже пред медиумите зошто се случил овој брутален напад.- Причината поради која тие ме тепаа е што во четвртокот, истото и го направија и на мојата другарка од одделението, а кога професорот ме праша што се случило, јас му кажав сѐ. Тие тоа го дознаа, па ме претепаа и мене – изјави таа за босанскиот „Независне новине“.
Девојчето додаде дека нападот се случил за време на големиот одмор, некаде околу 16 часот, и дека иако насилните соученици со сила ја влечеле покрај обезбедувачот на училиштето и тој видел што се случува, не направил ништо.
– Кога ме извадија од училиштето, ме однесоа зад локалната продавница, каде што почнаа да ме удираат и насилно да ми ја сечат косата. Таму беа и останатите ученици од мојот клас, кои само гледаа и се смеејa – вели таа, додавајќи дека сѐ траело околу три минути, додека бруталноста не била прекинат од страна на нејзина пријателка која истрчала да помогне.
За бруталноста на учениците од Тузла да достигне уште позастрашувачко ниво, целиот овој немил настан бил сниман со мобилен телефон, а снимката подоцна беше ставена на интернет. За среќа „Јутјуб“ многу бргу го отстрани видеото. Девојчето, жртва на насилството, сѐ уште ментално и физички се опоравува.- Причината поради која тие ме тепаа е што во четвртокот, истото и го направија и на мојата другарка од одделението, а кога професорот ме праша што

Пронајдете не на следниве мрежи: