Потресна приказна на ПРВИОТ СУПЕРМОДЕЛ: На 14 години била силувана, но следувала одмазда!

Била најпопуларен светски модел од почетокот на 20. век и нејзиното лице ги красело насловните страници. Но, на 14-годишна возраст ја силувал познатиот архитект Стенфорд Вајт (47) кој подоцна бил убиен од нејзиниот сопруг.Со оваа реченица би можел да се опише животот на Флоренс Несбит, девојката која станала првиот супермодел на светот.
Несбит често позирала во костими како шумска вила, грчка божица, гејша или пин ап девојка, за време на кариерата се појавувала и во многу филмови и станала икона на една ера и девојка од американскиот сон.
Наскоро ќе се одбележи половина век од смртта на првиот супермодел на светот, а летово се точно 110 години од најстрашниот настан во нејзиниот живот.
Додека очите на Флоренс полека се навикнувале на светлината, во нејзината глава силно татнеело што морала да се воздржува да не поврати. Посегнувајќи по покривката, раката ѝ се лизнала преку празната чаша за шампањско и таа полека сфатила дека е гола. Срцето почнало силно да ѝ чука откако сфатила дека маж лежи зад неа, а бутините ѝ се во крв…

Пет години подоцна, тој маж ќе биде мртов, а Несбит, првиот светски супермодел, ќе се најде среде судење на векот.
До немилиот настан дошло откако Евелин Флоренс Несбит и нејзината мајка биле поканети како гости во вилата на Стенфорд. Тој се дружел со нив додека не ја стекнал нивната доверба. Додека Евелин била сама со него во соба обложена со огледала, тој ѝ понудил чаша шампањско. Ја наговарал да пие, иако таа се противела. Таа испила неколку голтки и подоцна на ништо не се сеќавала.
Со години молчела за овој настан, сѐ додека не се омажила за ексцентричниот мултимилионер Хери Тов. Тој бил фиксиран на женската чистота и сакал да ја знае секоја нејзина тајна. Откако таа му раскажала како ја изгубила невиноста, по тој момент Хери почнал да носи пиштол со себе и бесот го насочил кон силувачот Вајт.
На 25 јуни 1906 година, во театарот на Медисон Сквер Гарден пред сведоци пукал во Вајт. По самиот чин ѝ пришол на Евелин, ја бакнал и ѝ рекол: „Веројатно ти го спасив животот.“
На судењето морала да го прераскаже секој детаљ од кобната вечер. Иако не била осомничена, секако била причината поради која Вајт го убил архитектот.
Луѓето ја обвинувале, верувајќи дека била гладна за пари и затоа го завела Вајт, а потоа лудо вљубениот сопруг го насочила против него. Следел медиумски и јавен линч.
Тов отслужил осум години во болница за криминално пореметени, а во 1915 година парот се развел. До 1920 година сиромашната и очајна Евелин Несбит се борела со зависност. Отворила кафуле за да се спаси од сиромаштијата, но веќе наредниот месец се нашла во долгови.
Годините докажале дека убавата Евелин бил сѐ, само не слаба – доживеала старост од 82 години, паѓајќи и станувајќи на секој животен предизвик.Со оваа реченица би можел да се опише животот на Флоренс Несбит, девојката која станала првиот супермодел на светот.
Несбит често позирала

Пронајдете не на следниве мрежи: