Потресна приказна: Решила да роди, иако докторите и кажале дека бебето ќе умре при доаѓањето на свет

Натали Дибуш (27) од Англија знаела дека малиот Иван Габриел кого го носела во стомак девет месеци нема да преживее подолго од пораѓањето. Сепак, решила да го роди. Прочитајте ја приказната која ќе ве расплаче.„Замислете колку е силна љубовта да се каже „здраво“ и „збогум“ во ист ден, вредно на тагата која ќе следи подоцна“ започнува приказната на Натали Дибуш (27) од Англија.
Приказната на Натали започнала минатата година кога дознале дека таа и нејзиниот партнер Метју го очекувале нивното прво дете.
Оваа модна фотографка која живее во близина Лондон веста за бременоста ја споделила на својот „Flickr“ каде редовно поставувала слики на кои се гледало како бременоста напредува.
Но потоа следел шок
„Нашиот свет го потресе тажна вест дека моето бебе, нема да може да преживее надвор од моето тело. Негде во најраниот развој се случила грешка – ретка грешка за која нема право објаснување ниту лек“ се сеќава Натали на еден од најмрачните мигови од животот.

Пред нејзе се појавил избор – или да ја прекине бременоста во седмиот месец, или со сета болка и ризик да ја продолжи понатаму и да се породи по природен пат кога ќе дојде време.
Решила бременоста да ја износи до крај. И самата признава дека сила и внеле пријателите, семејството, но и интернет заедницата со која продолжила да ги дели новостите.
Натали се породила по природен пат во својот дом во почетокот на декември минатата година. Бебето кого го нарекла Иван Габриел во нејзиниот стомак издржало 43 недели. Умрело кога го зела в раце.
Сега кога се е готово вели дека не жали поради нејзиниот избор и дека вредело.
На прашањето зошто решила својата приказна да ја сподели со светот, рекла дека сака да им помогне на сите жени кои се соочуваат со губење на дете.
Ивановата болест
Габриел заболел од Потеров синдром, предизвикан од билатерална ренална агенезија. Се работи за ретко заболување со кое кај плодот не доаѓа до развој на бубрезите, што доведува до намалување на количината на плодовата вода во текот на бременоста. „Замислете колку е силна љубовта да се каже „здраво“ и „збогум“ во ист ден, вредно на тагата која ќе следи подоцна&ld

Пронајдете не на следниве мрежи: