Потресна приказна за добрината: „Вашата сестра ја плати највисоката цена“

Седел еден златар зад работната маса и низ излогот од раскошната просторија ги набљудувал минувачите.Едно девојче одеднаш се приближило и го притиснало носот на стаклото од излогот. Небесно сините очи заблескале откако здогледало еден од изложените предмети. Одлучно влегло и со прстот покажало кон еден тиркизен ѓердан.
„Тоа е за сестра ми. Дали можете да ми го спакувате како подарок?“
Трговецот се неверување го погледнал девојчето:
„А колку пари имаш?“
Девојчето се кренало на прсти, ставило лимена кутија на пултот, ја отворило и испразнило. Внатре се наоѓале неколку помали банкноти, ситни пари, школки и фигурички.
„Дали ќе биде доволно? Би сакала на постарата сестра да ѝ купам подарок. Откако почина мајка ми, таа ги извршува сите обврски и нема време за себе. Денес ѝ е роденден. Мислам дека подарокот многу ќе ја израдува. Нејзините очи имаат иста боја како и тој скапоцен камен.“
Трговецот заминал во просторијата зад пултот и во златно-црвена хартија ја спакувал кутијата.

„Земи ја и внимавај на неа.“ – му рекол на девојчето.
Таа го зела пакетот и гордо излегла од златарата. Еден час подоцна, во просторијата влегла прекрасна девојка со коса со боја на мед и прекрасни тиркизни очи. Ја ставила кутијата на маса и запрашала:
„Дали овој ѓердан е купен кај вас?“
„Да, госпоѓице.“
„Колку чинеше?“
„Цените се доверлива работа кај мене, се однесуваат на мене и на моите купувачи.“
„Сестра ми имаше малку пари, сигурно не можеше да плати волку вреден ѓердан“ – изјавила девојката, туркајќи ја кутијата назад кон трговецот.
Тој ја затворил кутијата и ѝ ја вратил на девојката.
„Вашата сестра ја плати највисоката цена, даде сѐ што имаше кај себе.“
Едно девојче одеднаш се приближило и го притиснало носот на стаклото од излогот. Небесно сините очи заблескале откако здогледало еден од изложените

Пронајдете не на следниве мрежи: