Потресни сведоштва: Абортирав бебенце, секој ден плачам и се каам за таа одлука

Потресни сведоштва на жени кои абортирале…Весна
Јас сум Весна и имам 29 години. Сопругот го запознав кога имав 23, а тој 26 години. Неколку месеци откако го знаев, бев бремена. Одлучив да абортирам. После тоа бевме во врска уште 2 години, па се венчавме кога јас имав 25.
 Денес сме 4 години во брак и немаме деца. Се обидуваме, одиме по доктори, ама не оди.
Не можам да си простам! Дај Боже некогаш да добиеме дечиња, барем едно. Секој ден ме пече совеста за детето што го абортирав кога имав 23. Р.Ѕ. Уствари, не сум „Весна“. Срам ми е да си го кажам името. Немам храброст дури ни името да си го напишам. Се надевам дека со сајтов ќе убедите други девојки да не ја повторуваат мојата грешка.
ВероникаДенес точно пред година, абортирав…мислам 4та недела можеби и помалку….Плачев и се каев, плачам и се каам ден -денес, не сакав јас, го сакав тоа несреќно плодче, но потенцијалниот тато не го сакаше! Сигурно не и мене….ме преубеди со солзи, дека не сме спремни, дека е најдобро за нас и дека ако ни било пишано не едно, повеќе ќе сме имале! Денес не сум со него и што? Мојата принцеза или мојот јунак ќе имаше 4 месеци… Многу ми е мака…Кумановка 1961Честитам за сајтот. Пред 12 години имав страшна дилема. Со мажот веќе имавме 2 деца, а јас останав непланирано трудна. Се мислевме дали да абортирам. Беше лошо време и имаше голема сиромаштија. Повеќето од пријателките ми рекоа да абортирам. Мајка ми ме убеди да го задржам детето. Денес мојот најмлад син има 11 години. Пред еден месец тргна во 5то одделение. Се срамам од себеси што уопште сум помислила да го абортирам. До крајот на животот ќе бидам благодарна на мајка ми што ме советуваше исправно. Не можам да си го замислам животот без моите 3 деца.
 
МамаИмам 36 години и три прекрасни ќерки. Пред 5 години ја имав последната бременост. Мојата најмала ќерка имаше само 9 месеци. Живеевме во трисобен стан и мал ходник, башка бевме слаби со примањата. Бев исплашена до смрт. Не сакав уште едно дете, а и мажот ми беше ни топло ни ладно. Решивме да абортирам. Бев 9-та недела кога го направив тоа. И сега посакувам да не беше така. Го убив, и се мразам заради тоа. Се повредувам секогаш кога мислам на тоа (а тоа е секој ден).Знам дека Господ ќе ми прости, но дали ќе ме пушти во рајот? Се сметам за добра личност, но направив ужасна грешка. Денес имаме просечна куќа, доградуваме уште една соба, ама јас длабоко во себе не сум среќна. Среќна сум за моите 3 сонциња. Тие ми се најголемо богатство. Но каде е четвртото??? Животот ќе ми помине во жалење по детето што го убивме со мажот.Па, ако некој размислува за абортус, размислте долго. Тоа ќе ве притиска и ќе ве измачува до крајот на животот. Мене ми се случува тоа. Знам како е. Немав со кого да зборувам, па зборев со Господ. Но, јас не го слушав Господ, туку глупави совети. Дури и докторката ми кажа дека е подобро да абортирам. Денес не сакам да ја погледнам во очи, но самата сум крива.Запаметете, Господ не ви дава ништо што не може да го задржите во раце!Марија
Се убивам од плачење, се корнам од плачење. Од тој момент јас не сум истата. Кога и да видам дете на улица, замислувам дека такво ќе беше моето. Ги гледам дечињата што имаат 2 – 3 години и не можам да ви го опишам чувството. Ме пече. 2 пати се имам расплакано на улица. Можев да го дадам бебето на некоја што не може да биде мајка. Можев и да го задржам. Никогаш веќе не би абортирала.
Извор: Абортус НЕВесна
Јас сум Весна и имам 29 години. Сопругот го запознав кога имав 23, а тој 26 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: