Потрошувачите, куќните совети и управителите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона

За да може грејната сезона насекаде да стартува навремено, потребно е станарите да ги завршат интервенциите кај внатрешната инсталација, да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица и да си ги платат сметките за електрична енергија за топлинската станицaЗа да може грејната сезона насекаде да стартува навремено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите кај внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Снабдување со топлина Балкан Енерџи. Истовремено Заедниците на станари или управителите на зградите треба да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).
Снабдување со топлина Балкан Енерџи во претходниот период испрати писма до сите Заедници на станари, односно до фирмите кои управуваат со станбените единици за нивните обврски во однос на непречениот почеток на грејната сезона. Меѓутоа и покрај ова, во моментов во околу 200 објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици
Ги повикуваме потрошувачите да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да пријават дали има можност за повторно полнење на системот и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата за да може потрошувачите да добијат испорака на топлинска енергија.
За информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02 3076 200, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи:  https://beg-snabduvanje.com.mk/customers/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/
Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. Иако бројот на објекти чии топлински станици од горенаведените причини не се ставени во работна состојба е намален во споредба со претходнитегодини, поддршката од потрошувачите за ставање во функција на сите објекти дополнително ќе придонесе за квалитетот на снабдувањето со топлинска енергија.
 За да може грејната сезона насекаде да стартува навремено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите кај внатрешната инсталаци

Пронајдете не на следниве мрежи: