Потврдено: 14 години затвор за момчето кое го уби Ангел Петковски

Апелација ја потврди казната за Насер Ештрефи кој го уби матурантот Ангел Петковски во мај 2014 година во скопската населба Ѓорче, настан за кој Македонија се крена на нозе, пренесе Дневник.Насер Ештрефи (20) ќе одлежи 14 години затвор, откако Судот ги одби жалбите.
Убиството кое ја потресе Македонија се случи во мај 2014 кога Ештрефи украде велосипед од момчето. Ангел заедно со својот татко Сашо Петковски почна да го брка крадецот, а на Кејот на Вардар, кај Очната болница го стигнале и таму Ештрефи го уби со нож.
На почетокот на судскиот процес Насер кажа дека се чувствува виновен само за кражбата, не и за крвавиот злочин, бидејќи тој знаел дека го бркаат, но немал намера никого да убие, а претходно не бил сторител на никакви кривични дела.
Тој тогаш изјави дека не го носел ножот со себе туку го забележал во тревникот додека Ангел и татко му наводно брутално го тепале. Со оглед на тоа дека тоа бил четврт велосипед кој го крадат од семејството, решиле да реагираат и да тргнат по убиецот, но таткото не ни помислил дека ќе го загуби синот.
Ангел му починал на татка си во раце.
Насер Ештрефи (20) ќе одлежи 14 години затвор, откако Судот ги одби жалбите.
Убиството кое ја потресе Македонија се случи во мај 2014 кога

Пронајдете не на следниве мрежи: