Поучна приказна: Најдобрите другари

Двајца пријатели оделе низ една пустина. По патот се скарале и едниот го удрил другиот. Удрениот се почувствувал повредено, но молчејќи напишал во песокот:

– “Денес добив удар од мојот најдобар пријател”
Продолжиле да одат се додека не наишле на оаза каде решиле да се избањаат. Оној кој добил удар за малку не се удавил бањајќи се, но животот му го спасил пријателот. Кога дошол при себе, изрежал на еден камен:
– “Денес мојот најдобар пријател ми го спаси животот!”
Тогаш пријателот кој претходно го удрил го запрашал:
– “Кога те удрив пораката ја напиша во песокот, а сега ја изрежа во камен. Зошто?”
Пријателот му одговорил:
“Кога некој ќе ни направи нешто лошо, тоа треба да го запишеме во песокот за ветрот да го избрише, но кога некој ќе ни направи добро, тоа треба да го изгравираме на камен за никој и ништо да не може да го избрише!”

Двајца пријатели оделе низ една пустина. По патот се скарале и едниот го удрил другиот. Удрениот се почувствува

Пронајдете не на следниве мрежи: