Поучна приказна: Не ја откривај душата пред сите!

Кај еден мудрец дошла млада, убава девојка, целата облеана во солзи.-        Што да правам? – низ солзи прашала таа.  Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, никого не повредувам, помагам со што можам. И покрај тоа што со сите сум добра, често наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури некои се однесуваат отворено непријателски со мене. За ништо не сум виновна и се е толку неправедно и навредливо!
Посоветувајте ме што да направам!
Мудрецот ја погледнал со насмевка и рекол:
–        Соблечи се гола и прошетај така низ градот!
–        Полудевте ли?!
–        Ете гледаш!- се насмевнал повторно мудрецот. Да го покажеш голото тело пред луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш по светот со гола душа?  Таа е отворена како оваа врата. Секој што ќе посака влегува во твојот живот и ако ги гледа твоите добри страни како одраз на сопствените пороци, тој се труди да те навреди, оклевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него.
Повеќе на mkd-news.com-        Што да правам? – низ солзи прашала таа.  Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето

Пронајдете не на следниве мрежи: