Поучна приказна: Подади рака за помош

Мајка која имала син од 7 години и бил заинтересиран за музика, за да ја продлабочи неговата желба и љубов кон музиката, решила да купи два билета за концерт на еден познат пијанист.
Мајката со дотераниот син седнале во вториот ред, удобно сместени пред бината, очекувајќи магичните звуци од пијаното да им приредат една незаборавна вечер.
Но, во тој момент мајката сретнала една стара пријателка која по некоја случајност седела токму на столчето до неа. Така замуабетената мајка не обрнала внимание на синот.
Во моментот кога се вклучиле светлата и сите очи се впериле кон бината, жената го забележала својот син седнат на столчето пред пијаното како почнува да ја свири неговата омилена песничка „Twinkle twinkle little star“. 

Во истиот момент жената посакала да пропадне во земја и пред да стигне до бината, славниот пијанист му дошепнал на момчето „продолжи, немој да престануваш“ помагајќи му на детето со едната рака. Во тој миг во салата се случило нешто волшебно; преубави звуци кои ги разнежниле срцата на гостите.


Секој од нас во животот добива рака за помош, некои ги забележуваме, некои не. Има толку многу можности во животот каде што можеме да помогнеме на некој само ако му подариме рака. Тој гест значи дека веруваш во некој дека може да успее, а со твоето верување го мотивираш оној кој седи на столчето на успехот и се полни со сила се со цел да стане од него и да чекори на патото кон успехот.
Никогаш не заборавајте дека секој оној кој ви пружа рака, морате и вие некогаш да му пружите помош, бидејќи взаемното помагање е многу повредно од она индивидуалното. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.