Повеќе нема „заклучување на својата љубов“ на Парискиот мост

Романтичните души ќе мораат да пронајдат некој друг начин за да ја докажат својата љубов. Од 1-ви овој месец, на пешачкиот мост „Pont des Arts“ во Париз ќе биде забрането да се закачуваат катанци како залог на својата љубов.Љубовните двојки со години закачувале катанци на оградата на мостот испишани со нивните имиња, за нивната љубов вечно да трае а клучевите ги фрлале во реката Сена.
Но веќе на почетокот на овој месец, ќе се спроведе акција на отклучување на мостот на „уметноста“ каде ќе бидат извадени сите катанци и ќе бидат проследени со уметнички перформанси кои ќе траат до крајот на летото.

Ритуалот на заклучување на катанци му давал посебен шарм на мостот кој бил изграден 1804, за време на владеењето на Наполеон, за да го поврзе Лувр со останатите делови од Париз.

Присуството на илјада метални катанци, почнало да претставува сериозна закана за структурата на мостот, и по мислењето на многумина, да го нарушува изгледот на мостот кој е под заштита на државата.
Дел од оградата, во 2014 паднала од тежината на катанците, поради кои морало да биде затворен неколку часа.
Градоначалничката на Париз Anne Hidalgo, ги замолила заљубените парови, наместо катанци, да прават селфи фотографии. Останува да се види дали нејзиниот предлог ќе наиде на позитивен одговор.Љубовните двојки со години закачувале катанци на оградата на мостот испишани со нивните имиња, за нивната љубов вечно да трае а клучевите ги фрлале

Пронајдете не на следниве мрежи: