Повеќе од 1.300 нови вработувања во ТИРЗ, се очекуваат нови инвестиции

Тимот за привлекување на странски инвестиции во моментов е во различни фази на преговори со 8 странски компании кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија. Дел од овие компании до крајот на месец ноември треба да донесат свои одлуки и се очекува барем 2 компании да донесат позитивни одлуки и да започнат со изградба на погони,  истакна денеска директорот на ТИРЗ Виктор Мизо информирајќи го претседателот на Владата Емил Димитриев за моменталната состојбата во ТИРЗ.Мизо истакна дека во време на политичката криза, странските инвеститори само ги пролонгирале одлуките за инвестирање, но оти во ниту еден момент не донеле конечна одлука дека нема да инвестираат во Македонија.
– Ниту една компанија експлицитно не кажа дека нема да инвестира кај нас, туку одлуките ги пролонгираа. Но сметаме дека сега веќе успеавме да ги амортизираме сите тие надворешни притисоци кои беа поврзани со привлекувањето на странски инвеститори, рече Мизо.
Тој посочи дека до крајот на годината се очекува  во технолошко-индустриските развојни зони да бидат отворени нови 1.300 до 1.400 вработувања.
Заклучно со минатата година во технолошко-индустриските зони се отворени 5.100 работни места, а само годинава се креирани 1.050 работни места.
Димитреиве посочи дека очекува извештајот на ИБМ во делот на рангирањето на Македонија како најдобра земја во светот по новоотворени работни места по странски директни инвестиции, дополнително да влијае во привлекувањето на нови инвеститори во Македонија.
-Зоните во Република Македонија имаат силен ефект врз економијата, особено во делот на отворањето нови работни места  и во делот на извозот. Затоа нашата политика како Влада ќе продолжи во таа насока – да привлекуваме странски директни инвестиции, рече Димитриев по средбата со раководството на ТИРЗ.
При денешната посета на ТИРЗ Бунарџик, премиерот Димитриев изврши увид во градежните работи на фабриката „Хајтек“ и втората фабрика на „Ванхул“. Раководството од македонската компанија „Хајтек“ планира до крајот на годината да заврши со градењето на фабриката и во почетокот да вработи 100-тина лица, а потоа согласно планот да се вработат вкупно 300 лица.
Компанијата „Ванхул“ пак која го гради вториот свој капацитет во Македонија ќе инвестира 15 милиони евра и планира да се отвори 400 директни работни места. Со оваа странска инвестиција ќе бидат отворени дполнителни 100 индиректни вработувања преку компанијата „Актива“ која работи со „Ванхул“.Мизо истакна дека во време на политичката криза, странските инвеститори само ги пролонгирале одлуките за инвестирање, но оти во ниту еден момент не

Пронајдете не на следниве мрежи: