Повеќе од 25.000 задоволни посетители на Технома ги дознаа тајните за водење на успешен бизнис!

Иновациите во бизнисот кои што се тајната на успехот денеска, „Форумот за иновации и технолошки развој“, како и 185-те компании од кои повеќе од 50 беа странски учесници, очигледно дека беа вистинскиот погодок на 41-от меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита, ТЕХНОМА 2015, кој го посетија повеќе од 25.000 посетители.Големата посетеност и задоволните учесници на саемот кои имаа можност на лице место на јавноста да ги претстават своите најнови технолошки достигнувања, како и проектите за енергетска ефикасност, иновации производи и идеи, се само потврда на фактот дека оваа саемска манифестација која од година во година е се подобра и тоа како му е потребна на стопанството. Потврда на меѓународниот карактер на Технома беше и учеството на компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван (Taiwan External Trade Development Council) и преку Тајванскиот центар за трговија во Софија (Taiwan Trade Center Sofia), и повеќете фирми од Унгарија и Австрија.
„Ние во Фондот за иновации и технолошки развој сме задоволни како помина Форумот кој што го организиравме заедно со Скопски Саем на Технома 2015. Секако, секогаш може да биде подобро, па поради тоа се надеваме дека следната година ќе имаме повеќе организации кои што ќе дојдат од поразвиените земји од Европа и светот и истите тие ќе ги споделат своите искуства и тајни. За време на „Форумот за иновации и технолошки развој“ имаше доста претпријатија и индивидуалци кои направија соработка и еден вид на секторско здружување за споделување на знаење, односно воведување на технолошки подобрување. Повеќето претпријатија од ист сектор се здружија со цел здружено да ги решаваат заедничките проблеми. Имаше интересни презентации кои секојдневно се случуваа како дел од саемот и Форумот, имавме обуки, а луѓето беа најзадоволни од мотивациските говори на претпријатијата кои што имаат добиено средства од Фондот за реализација на своите иновативни проекти. Интересот беше особено голем за нивните презентации. Генералната констатација од кластерите, од коморите и факултетите е дека треба да се работи за подигање на свеста кај претпријатијата за иновациите, бидејќи повторно ќе повторам, има финансии како никогаш досега за нив, но тие треба да бидат помотивирани, да дојдат во Фондот за иновации и технолошки развој и да се распрашаат. Останува сите заеднички да работиме во насока да ја подигнеме свеста на претпријатијата за иновации. Мисијата на Фондот за иновации и технолошки развој е поттикнување и поддршка на иновациската дејност во микро, малите и средните претпријатија за остварување забрзан технолошки развој, базиран на трансфер на знаење, на истражување за развој и на иновации што придонесуваат за создавање нови работни места и за економски раст и развој, истовремено подобрувајќи ја бизнис-околината за развој на конкурентските способности на компаниите “
На Технома 2015 учесниците и посетителите заклучија дека за подобрувањето на конкурентноста и извозот во Република Македонија потребно е да се креираат производи и услуги кои создаваат дополнителна вредност на општеството, а иновациите и технолошкиот развој се помеѓу најбитните фактори за подобрување на конкурентноста и воопшто за подигнување на животниот стандард на граѓаните.Големата посетеност и задоволните учесници на саемот кои имаа можност на лице место на јавноста да ги претстават своите најнови технолошки&nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: