Повеќе пластика отколку риба во океаните до 2050 година!

Масовното користење на пластика ќе доведе до тоа дека во 2050 година во океаните како последица да има повеќе пластичен отпад отколку риба, предупреди денеска Светскиот економски форум, цитиран од CNN.Пластиката стана еден од најпопуларните материјали во светот, комбинирајќи неверојатна функционалност и многу ниски трошоци за производство.
Употребата на пластиката е зголемена 20 пати во последните 50 години и се очекува да се зголеми двојно во текот на следните 20 години.
Најмалку 8 милиони тони пластика се исфрлаат во океанот секоја година, што е еквивалентно на празнењето на еден полн камион за ѓубре секоја минута, дополнува во истражувањето кое вклучува и анализа на Центарот за бизнис и животна средина „Мекензи“.
Светските океани во моментов содржат 150 милиони тони пластика. При одржување на темпото на загадување, во нив ќе има по еден тон пластика за секои три тони риба во 2025 година и повеќе пластика отколку фауна до 2050 година, предупредуваат авторите на студијата.
Документот е изготвен преку интервјуа со 180 експерти и се базира на анализа на над 200 извештаи. Форумот забележува дека единствениот начин да се избегне катастрофата е да се подобрат економијата и ефикасноста на рециклирањето.Пластиката стана еден од најпопуларните материјали во светот, комбинирајќи неверојатна функционалност и многу ниски трошоци за производство.

Пронајдете не на следниве мрежи: