Повеќето Германци исламот го сметаат за закана!

Мнозинството Германци сметаат дека на исламот „не му е местото“ во западниот свет и повеќето од половина од анкетираните  оваа религија ја гледаат како закана, покажаа резултатите од истражувањето на јавното мислење, објавени во четврток.Во истражувањето што беше направено во ноември, многу пред нападот во средата во Париз врз редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12, а ранети 11 лица, 61 отсто од анкетираните Германци кои не се муслимани, рекле дека на исламот не му е местото на Западот.
Повеќе од половината, односно 57 отсто, рекле дека чувствуваат закана од исламот, 40 отсто од испитаниците рекле дека се чувствуваат како „странци во сопствената држава“ заради присуството на муслиманите, додека дури 24 отсто сметаат дека на муслиманите треба да им се забрани да се доселуваат во Германија.
Во Германија живеат околу четири милиони муслимани, а околу три четвртини се со турско потекло. Германија има вкупно 80 милиони жители.
Анкетата ја направи TНС Емнид, независен институт за испитување на јавното мислење, врз примерок од 937 Германци кои не се муслимани.Во истражувањето што беше направено во ноември, многу пред нападот во средата во Париз врз редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо&ld

Пронајдете не на следниве мрежи: