Активистите кои се борат против Исламската држава во нејзиното седиште во Рака, ги повикуваат луѓето ширум светот да се оттргнат од презаситеноста со вестите за војната.Група активисти, здружени под називот „Рака ја колат во тишина“, кои воедно се и жители на тој сириски град кој терористичката ИСИЛ го определи како седиште на својот „калифат“, се обидува да го освести светот, кој наголемо станува незаинтересиран за вестите поврзани со злосторствата и теророт на џихадистите и тоа благодарение на новата кампања на социјалните мрежи.
If it’s not happening in your country that doesn't mean it’s not happening. Think about #Syria pic.twitter.com/yBpXS8I3yE
— الرقة تذبح بصمت (@Raqqa_SL) August 28, 2015
Овие храбри жители на Рака, кои секојдневно ги ризикуваат животите кога скришно снимаат јавно погубување, камшикувања и останати злосторства на џихадистите, објавија низа апели на Твитер.
If it’s not happening in your country that doesn't mean it’s not happening. Think about #Syria pic.twitter.com/bJOWKjLUGQ
— الرقة تذبح بصمت (@Raqqa_SL) August 28, 2015
Станува збор за акцијата со назив „Ако тоа не се случува во вашата земја, не значи дека не се случува. Помисли на Сирија“.
If it’s not happening in your country that doesn't mean it’s not happening. Think about #Syria pic.twitter.com/CBr4VpTPDz
— الرقة تذبح بصمت (@Raqqa_SL) August 28, 2015
На твитовите се наоѓаат глетки од светските престолнини – Вашингтон, Лондон, Москва, Париз, со големи урнатини во позадина, густ црн чад и пламен.
If it’s not happening in your country that doesn't mean it’s not happening. Think about #Syria pic.twitter.com/swtTiuBunN
— الرقة تذبح بصمت (@Raqqa_SL) August 28, 2015
Група активисти, здружени под називот „Рака ја колат во тишина“, кои воедно се и жители на тој сириски град кој терористичката ИСИЛ го