Владата на РМ во континуитет имплементира мерки и спроведува програми како и нуди финансиски средства за старт, раст и развој на малите и средни претпријатија (МСП).Во тој контекст, еден од позначајните партнери во спроведувањето на овие активности секако е и Македонска Банка за подршка на развојот. Основната задача на МБПР е да го промовира извозот, преку негово кредитирање и други форми на поддршка, со што би се обезбедило поддршка на развојот на МСП.
Исто така како главни и приоритетни активности на МБПР се вбројуваат- финансирање на развојот на стопанството, финансирање на инфраструктурата, подршка на развојот на МСП во Р.М,потикнување на извозот,потикнување за заштита на животната средина,осигурување на извозот на македонските производи и услуги од комерцијални и политички ризици.
Исто така МБР нуди и Кредитно Осигурување на,
-домашните побарување ( пред и по испорака)
-извозните побарувања ( пред и по испорака) , од комерцијални и политички ризици.
Најновиот производ на МБР кој е од голема корист за целокупниот финанскиски пазар на Р.М. е Факторингот кој овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат веднаш.
Комисијата за економија и финансии ВМРО ДПМНЕ ОК Битола би ги истакнале кредитните производи кои ги обезбеди Владата на РМ а се реализираа со посредство на МБПР, односно деловните банки во државата.
Не е спорно дека и до 2006 година банките нудеа кредитна подршка за МСП, но која беше цената што ја плаќаа на заемите е друго прашање. Имено, не е непознато дека редовните каматни стапки за кредитите до 3.0000.000 мкд изнесуваа и до неверојатни 18%, односно во просек за поголемите фирми каматните стапки се движеа околу 10% на годишно ниво.
Со цел МСП да бидат конкурентни на домашниот, но и на странскиот пазар, Владата на РМ презеде низа мерки да го олесни извозот но и да го поефтини производството преку намалување на трошоците на фирмите.
Една мерка беше да се намалат каматните стапки, при што се реализира соработка со Европска Инвестициона Банка чии аранжмани значеа драстично намалување на каматните стапки до неверојатни 75%.
На пример, ако фирмата за кредит од 3.000.000 мкд со рок на отплата 3 години плаќала камата со каматна стапка од 10%, би платила вкупно 500.000 мкд камата.
За истиот кредит со ист рок на отплата со кредитит од ЕИБ и каматна стапка од 5,5% фирмите ќе платат само 270.000 мкд камата, што е заштеда од 230.000 мкд, што е и тоа како значајно за МСП.
Компарацијата доколку се прави за кредитите каде се плаќаа каматни стапки и до 18%, тогаш разликата и тоа како би била многу поголема.
Според Извештајот за пондерирани каматни стапки на примени депозити и дадени кредити од НБРМ, во прилог е табела за тоа како мерките на Владата на РМ придонеле во периодот од 2005-2015 година да се изврши намалување на просечните каматни стапки
Во табелата се презентирани пондерираните каматни стапки на денарските кредити за првиот месец во периодот од 2005-2015 година, по што може да се констатира дека каматните стапки се намалени за одлични 40%, или за тој процент фирмите ги намалиле трошоците по камати.
Аранжманите со Европска инвестициона банка беа следните:
-ЕИБ 1 на износ од 100.000.000 еур.
-ЕИБ 2 на износ од 50.000.000 еур.
-ЕИБ 3на износ од 100.000.000 еур.
Бидејќи МСП се доста задоволни од евтините кредити, Владата на РМ продолжи со склучување на договори за нови аранжмани со ЕИБ и веќе во тек е 4та кредитна линија во вкупен износ од 100.000.000 еур, каде има на располагање уште 17.800.000 еур.
Само преку овие аранжмани Владата на РМ обезбеди 350.000.000 еур евтини кредити за МСП за само 5 годинии
Како информација со понов датум е дека веќе е повлечена и 8 транша од ЕИБ 4 –100 милиони евра, во износ од 13,7 милиони ЕУР. Со овие финансиски средства се планира да се подржат 75 проекти со пресметковна вредност од 18 милиони ЕУР, дури 74 % од овие средства се наменети за подршка на МСП преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, остатокот е за кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години.
Подршката главно се однесува на проекти од следниве области – енергетика,индустрија, туризам,здравство, образованието,услугите, knowledge base economy .
Многу битен податок е дека со реализација на овие 75 проекти се очекува отворање на НОВИ 168 работни места.
Проектите се реализираат преку- Прокредит Банка АД Скопје, Охридска Банка АД Скопје, Халк Банка АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје, Шпаркасе Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола и Уни Банка АД Скопје.
Исто така МБПР започнува со повлекување на нова транша во износ од 17,8 милиони евра.
Покрај соработката со домашните Банки, МБПР потпиша и меморандум за соработка со Инвестициско – развојна Банка на Република Српска. Со овој меморандум за соработка двете банки имаат за цел воспоставување на долгорочна соработка и размена на низа на искуства за подршка на високо развојни проекти, зголемување на ефикасноста на веќе постоечките активности и воведување на нови финансиски инструменти, кои би го помогнале во голема мера работењето на малите и средните претпријатија, тоа би резулитрало со поголема вработеност, развој на домашните пазари на капитал и урамнотежување на регионалниот развој.МБПР остварува успешна соработка со развојни банки од целиот регион како што се Хрватската развојна Банка, Словенечка СИД Банка и СИД ПКЗ, АОФИ- Агенција за осигурување и финасирање на извозот на Република Србија и со Бугарската развојна банка.
Во Битола конкретно на 08.10.2015 год. во организација на Бизнис центарот за подршка на приватниот сектор на Пелагонискиот регион, пред голем број на претставници од стопанскиот сектор на Пелагонискиот регион се одржа официјална презентација за големиот дел на можности за кредитна и останата подршка на МБПР на сите овие институции.Во тој контекст, еден од позначајните партнери во спроведувањето на овие активности секако е и Македонска Банка за подршка на развојот. Основната з