Повредени двајца велосипедисти во неколку сообраќајки во Скопје

На подрачјето на Град Скопје вчера сообраќајната полиција извршила увид на вкупно шест сообраќајни незгоди, од кои четири се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле двајца велосипедисти.Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 25 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Деветнаесет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.  Седум возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор и тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол. Санкционирани се и шест пешаци кои сториле прекршоци по различи основи.
Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 72 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во основните училишта „Климент Охридски“ и „Петар Здравковски Пенко“ кои се наоѓаат во општина Бутел, со учениците од четврто одделение.
Денеска со почеток во 11 часот и 45 минути поранешните вработени во „Алумина“ ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија, а со почеток во 20 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Тајфун, Словенија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 25 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брз

Пронајдете не на следниве мрежи: